Терминот блог е скратеница од веб-лог (weblog, web log), термин чие буквално значење е „дневник на веб“. Пишување или одржување на блог, или додавање на напис се нарекува „блогирање“. Одделните написи на блог се нарекуваат „постови“, а личноста која ги објавува се нарекува „блогер“. Блог може да се состои од текст, хипертекст, слики, линкови, како и можност за оставање коментари. Често даден блог има посебна тема или област која ја покрива, додека пак некои се наменети за дискутирање на лични искуства.
За многумина блогот е место каде слободно може да се изразат и да ги искажат своите ставови,перцепции и размислувања и секако да добијат повратен одговор од своите читатели, да отворат дискусија или дебата. Блогот може многу лесно да создаде една мрежа на исто мисленици, кои ќе разменуваат мислења и информации.